Потребни состојки:
- 250гр мелена плазма
- 5 лажици млеко
- 4 лажици шеќер
- 300гр боровница
- 4дл слатка павлака
- кесичка желатин
Начин на подготовка:
Плазмата, млекото и шеќерот добро изматете ги со рака. Развијте кора со дебелина околу еден сантиметар, па со калап извадете подлога со саканата големина.
Кремот подгответе го на следниов начин: желатинот растопете со вода. Додадете боровница и варете. Изматете слатка павлака и оставете во фрижидер добро да се олади. Подлогата обмотајте ја со ленти хартија, тенки осум сантиметри, да се добијат цилиндрични форми. Во калапите истурете ја слатката павлака, а потоа желе од боровница. Кога добро ќе се олади во фрижидер, отстранете ја хартијата и послужете.