Потребни состојки:
- 150гр – корнфлекс
- 100гр- чоколадо за готвење
- 120гр – маргарин
- 100гр – сецкани ораси
- 50гр – сецкани лешници
- 50гр – суво грозје или брусници
- 2 – лажици шеќер
- 3 – лажици мед
- Хартиени корпи
Начин на подготовка:
Маргаринот, шеќерот, медот и чоколадата, да се растопат на млака температура. Се додаваат орасите, лешниците, грозјето/брусницата и се добро да се измеша. Да се тргне од оганот и да се додаде корнфлејксот, да се размеша и да се остави да се олади.
Млаката смеса со лажицa се става во хартиените корпи и да се остави во фрижидер да се стврдне.
Да се послужи по еден час.
Време на подготовка 15мин.