Потребни состојки за brownie:
- 115гр путер
- 115гр чоколадо
- 200гр шеќер
- 2 јајца
- 50мл млеко
- 115гр брашно
За cheesecake:
- 500гр свежо сирење
- 125гр шеќер
- 3 јајца
- 125мл јогурт
- Ванила
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180C. Подмачкајте ја тавата и посипете брашно. Истопете го чоколадото и путерот, тргнете од оган па додадете шеќер, изматени јајца и млеко. На крајот додадете брашно и целата смеса соединете ја. Ставете ја смесата во плех и печете околу 25 минути. Извадете од рерна и оставете да се олади додека го подготвувате другиот дел.
Намалете ја температурата на 160С.
За cheesecake, изматете го сирењето, шеќер, јајца, јогурт и ванила. Истурете се преку кората и во плехот печете околу 45-50 минути.
Со низ издвоете ги краевите од колачот и оставете го колачот да се олади. Ставете го во фрижидер најмалку 4 часа.