Потребни состојки:
- 1кг. – компир
- 4 варени јајца
- 200мл. мајонез
- 2 лаж. Шеќер
- 3 лаж. Лимонов сок.(или јаболков оцет)
- 1 лаж. сол
- 1 помала главица виолетов кромид
- 2 дршки(со листови) целер
Начин на подготовка:
- Се вари компирот со лушпата и кога ќе се олади се лупи, па се сецка на мали кругови ( за да не се распаднат). Дебелите делови и дршките од целерот се отстрануваат , а потенките делови и листовите се сецкаат ситно. Кромидот се сечка на кругчиња.
- Во чинија ставете мајонез, измешајте го со сол, шеќер и лимон( или оцет), потоа додадете компир, кромид , целер помешајте и оставете го во фрижидер да се олади.
- Јајцата исечете ги на кругови, па пред послужување распоредете на чинија малку салата, па потоа кругчиња јајца, потоа повторно салата.