Корпици со бело чоколадо и јагоди

popara14 јули, 20121min00
korpi

Потребни состојки:

  • 130гр брашно
  • 90гр путер
  • 3 лажици шеќер
  • 1 жолчка од јајце помашена со 3 лажици ладна вода

За фил:

  • 100гр бело чоколадо
  • 250гр маскарпоне
  • 100мл слатка павлака
  • Јагоди

Начин на подготовка:

Измешајте брашно и шеќер, па додадете путер и со прстите направете трошки. Додадете ја жолчката и водата и замесете тесто. Завиткајте ја во проѕирна фолија и оладете во фрижидер мин. 30 минути. Тестото развлечете го на 6 мали калапи за печење и избоцкајте ги со вилушка. Оладете ги 30 минути. Покријте со хартија за печење и печете на 200 степени, 10 минути, отстранете ја хратијата, па вратете ги усште 10 минути. Потоа оладете ги, извадете ги од калупите.

За фил, на тивок оган мешајте чоколадо и 100гр маскапоне, се да се соедини,а чоколадото да се стопи. Тргнете од оган и додадете го останатиот дел од маскарпоне и павлака. Сипете фил во корпите и оставете да се олади. Пред сервирање распоредете ги јагодите.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag