Крем коцки

popara24 октомври, 20121min00
kocki

Потребни состојки:

За бисквит:

  • 5 jajца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 3 полни лажици какао
  • ½ прашок за пециво

Фил 1:

  • 2дл слатка павлака
  • 300гр бело чоколадо
  • 125гр путер

Фил 2:

  • 2 дл слатка павлака
  • 300гр чоколадо за готвење
  • 125 грама путер

 

  • 400гр нутела
  • бисквити
  • 500мл слатка павлака

Начин на подготовка:

1. Белките изматете ги со шеќерот во цврст снег. Посебно изматете жолчки и додадете ја претходно изматената смеса. Додадете брашно, какао и прашок за пециво. Смесата изедначете ја и ставете ја во калап обложен со хартија. Печете 20 минути на 180 степени.

2. Во слатката павлака искршете бело чоколадо и ставете на шпорет чоколадото да се стопи. Кога чоколадото целосно се стопило тргнете од шпорет и оставете добро да се олади. Потоа додадете путер.

3. На истиот начин подгответе го и црниот фил.

4. Одвоете го бисквитот од хартијата, па повторно вратете во калапот каде се печеше.На бисквитот нанесете дебел слој нутела. Преку нутелата ставете бел фил, па наредете ги бисквитите натопени во мелко. Преку бисквитите нанесете црн фил и на крајот, изматена слатка павлака.

5. Декорацијата направете ја по своја желба. Крем колачот оставете го неколку часа во фрижидер убаво да се стегне, а потоа исечете го на коцки и послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag