Потребни состојки:
- 250гр – лиснато тесто
- 100гр- густин
- 30гр-брашно
- 3пати по 100гр- шеќер
- 4-јајца
- 750 мл. млеко
- 300мл. Вода
- 250мл. Слатка павлака
- 2 – ванилин шеќери
Начин на подготовка:
Лиснато тесно, рассукајте го во тенки кори, поделете го на 2 дела, во димензии, помали од четвртест плех, да се набоцкаат со вилушка па да се испечат. Една кора оставете на дното на плехот, за подлога, а другата исечете ја на квадрати, колку ќе има парчиња.
Белките и 100гр. шеќер, изматете ги во цврст шлаг. Жочките и 100гр. шеќер изматете ги, додадете ванилин шеќер, густин, брашно, и вода(гутинот и водата наизменично во неколку наврати)
Ставете го млекото да се вари, кога ќе се подигне и проврие до дасдете ја смесата од жолчките и густинот. Варете на среден оган, ус стално мешање , се додека кремот не се згусне. Тргнете го од оганот , па сеуште вруќ , полека измешајте го со кремот од белки. Да се истури преку, кората и да се израмни.
Кога ќе се олади и стегне, дасе намачка со слатка павлака изматенма со 100г, шеќер. Врз тоа да се поредат парчиња од долга кора и да се остави се добро да се стегне во фрижидер. Пред служење да се посипе со шеќер во прав.