Крилца со зачини

popara16 мај, 20121min00
крилца

Потребни состојки:

  • 20 – крилца
  • 1- чешне лук
  • Мелен црн бибер
  • 1 лимон
  • 3 лажици, соја сос
  • Сол, бибер
  • 4 лажици зејтин
  • 4 пиперки (жолта и црвена)
  • 250г. Коктел домат
  • 1/2китка магданос
  • 1 главица лук
  • 150гр Кисела павлака
  • 100гр кисело млеко
  • 2-3 лажици рен(тегличка)
  • Малку шеќер

Начин на подготовка:

  1. Се  мие и подговува месото, се суши и се засекува кожата на неколку места. Се сецка лук. Лимонот добро се мие, потоа се ренда, се сече и се исцедува сокот. Се се меша со лукот, соја сосот, солта, бибер, мелен црвен пипер, пипер, со мелената пипeрка и зејтин. Се премачкува месото со маринадата и се остава во фрижидер, на неколку часа да се маринира.
  2. Се премачкува со масло решетката од рерната и се редат крилцата. Се става решетката во рерната 15-20мин, и се пече.
  3. За салата , се сецка пиперка на широки ленти. За сос , се сецка магданосот и кромидот и се меша со киселоп млеко и павлака. Се додава уште рен, сол, бибер и шеќер по вкус. Се сервираат  крилцата , во сосот, коктел доматот и пиперката.

Супер совет:

Ставете под решетката, плех со величина која одговара и обложете го со фолија. Масннотијата од месото ќе истече во плехо(а не по рерната), а потоа само тргнете ја фолијата и се ќе ви биде чисто!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag