Потребни состојки:
– 400 гр бело пилешко месо
– 200 гр грашок
– 200 гр пченка
– 300 гр моркови
– Малку магдонос
– 200 мл кисела павлака
– 200 гр интегрален леб
Подготовка:
Свареното пилешко месо исецкано на коцки ставете го во длабок сад. Додадете го грашокот, пченката, морковот и павлаката и убаво промешајте. Ставете го исецканиот магдонос и послужете со парчиња интегрален леб.