Лава торта со црно и бело чоколадо и сос од малини

popara16 јули, 20121min00
desert

Потребни состојки:

  • 200гр бело чоколадо
  • 50мл слатка павлака
  • 2 јајца
  • 90гр брашно
  • 50гр шеќер
  • 1 лажица путер
  • 50гр црно чоколадо (70% какао)

За сос:

  • 250гр малини
  • 2-3 лажици шеќер
  • 1 лажица густин

За подмачкување:

  • Путер
  • Брашно

Начин на подготовка:

Помешајте ги малините со шеќер, ставете на силен оган и варете неколку минути. Густинот помешајте го со 3 лажици ладна вода. Додадете го во малината и варете неколку минути. Тргнете од оган иисцедете за да се ослободите од семките. Оладете.

Загрејте ја рерната на 220С.

Помешајте го белото чоколадо, павлаката и путерот и загрејте на пареа за чоколадото да се стопи и смесата да се соедини. Посебно изматете ги јајцата со шеќерот. Во истопеното чоколадо, додадете изматени јајца и просеано брашно. Измешајте се за да нема грутки.

Калапите за суфле или калапи за мафини, добро подмачкајте ги со путер и посипете со брашно. Сипете од смесата, па додадете по коцка или две чоколадо. Печете 11 минути.

Извадете од рерна, оставете да одморат минута – две, па ставете ги на чинија и послужете веднаш со сос од малини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag