Лазањи

popara27 септември, 20121min00
lazanji

Состојки за 2 лица:

  • 40г кашкавал
  • 250г тестенини за лазањи

 

Бешамел сос:

  • 500мл млеко
  • 100г брашно
  • 60мл сончогледово масло
  • 80гр кашкавал
  • сол

Болоњезе сос:

  • 1 лажица пипер
  • 250мл сок од домати
  • 1 лажица босилек
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажица вегета
  • 250мл пире од домати
  • 1 гранче рузмарин
  • сол
  • 70мл сончогледово масло
  • 350гр мелено месо

 

Подготовка на бешамел сос:

Во сад ставете го маслото. Откако добро ќе се загрее, мешајќи додадете брашно. Брашното пржете го неколку минути. Кога запршката ќе биде готова, полека ставете млеко. Посолете по вкус и додадете го кашкавалот.

Водете сметка на тоа дека брашното треба да добие само блага жолта боја, не смее да порумени. Млекото додавајте го полека со брзо мешање за да се избегне создавање на грутки.

 

Подготовка на болоњезе сос:

Во сад ставете масло. Откако ќе се загрее, додадете го месото и кратко динстајте го.

Доколку сакате вашиот оброк да биде со помалку калории, половина количина од месото може да ја замените со снегулки од соја. Во издинстаното месо ставете го сокот од домати и доматното пире. Оставете го сосот на оган и додадете сол и пипер. Додадете ги и останатите зачини и гответе уште десетина минути. Додадете го и гранчето рузмарин но не заборавајте потоа д аго извадите.

Филување на тестото:

Во огноотпорен сад ставете масло. Наредете тесто, бешамел сос па болоњезе. Не заборавајте дека тестото за лазањи треба да биде претходно сварено, освен ако не се работи за кори за кои не е потребно претходно варење. Повторувајте ги постапките додека не потрошите состојките. Печете на температура од 220 степени околу 45 минути. Кога ќе се испечат лазањите посипете ги со кашкавал. Сервирајте ги топли.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag