Ова е прекрасен рецепт со тиквици и три врсти на сирење, и навистина е прекрасен гурманси рецепт, кој лазањите ги поретвара во прекрасно ново откритие!
Понудете им ги и на вегетаријанците!
Состојки:
- 600гр-тиквици
- 50гр-маслац
- Бел бибер
- 12 листови лазањи
- Сол
- 100гр – горгонзола
- 50гр-моцарела
- 15гр-пармезан
За Бешамел сос
- 50гр – маслац
- 50гр – пченично остро брачно топ 400.
- 1-л.млеко
- Мелен ѓумбир
- Мускатно оравче
- Бибер
- Сол
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквиците и надолжно пресечете ги на тенки листови. Испечете ги на маслац, посолете, побиберете и тргнете ги од оганот.
Лазањите проварете ги во посолена вода(2-3)мин., во која сте ставиле неколку капки масло, за да не се залепат листовите или користете ги лазањите кој не се варат.
За бешамел сос: На маслац лесно пропржете брашно. Постепено ставајте топло млеко со непрестано мешање, се додека не добиете густа смеса. Додајте сол, бибер, малку мускатно оравче и ѓумбир. На дното на ватростална посуда(30-19см)ставете малку бешамел, наредете ги во ред лазањите, по нив распоредете го бешамелот, наренданото сирење и пармезанот. Печете околу 25мин.во рерна, загреана на220с.
Послужување:
Ако се поголеми тиквиците, извадете им ги семките, па пресечете ги на листови.
Замрзнување:
Јадењето подгответе го во 5 чекори, оладете во тепсија и оставете во замрзнувач 2 часа.Тепсијата накратко, налејте ја во вруќа вода и извадете ги од неа лазањите, спакувајте ги во кеса и вратете ги во замрзнувач.
Одмрзнување:
Лазањите извадете ги од кесата, вратете ги во тепсијата, па оставете ги на собна температура околу 2 часа. Покриени со алуминиумска фолија печете ги на 180с. 40 мин.
Трајност:30 дена.