Потребни состојки:
- 4 јајца
- 200гр шеќер
- 100гр шлаг во прав
- 200мл млеко
- 200гр еурокрем
- Прелив о карамел или чоколадо
Начин на подготовка:
Јајцата изматете ги со шеќер. Шлагот изматете го со млеко. Во изматениот шлаг додадете ги јајацата и еурокремот. Полека матете со миксер. Сладоледот оставете го во замрзнувач. Пред служење прелијте со некои од преливите.