Потребни состојки:
- 250гр путер
- 250 гр шеќер
- 8 јајца
- 100гр чоколадо
- 3 кесички шлаг
- кутија кекс
- малку млеко
- ванилин шеќер
- рум
Начин на подготовка:
Изматете го путерот со шеќерот. Додадете ги една по една жолчките и претходно растопеното чоколадо. Посебно изматете цврста смеса од белките и измешајте ја во претходната смеса, и садот ставете го во фрижидер.
Изматете го шлагот и додадете му ванилин шеќер. Во калап за торта наредете кекс полиен со млеко и рум. Преку кексот премачкајте од филот па ставете шлаг најгоре. По желба неместо шлаг може да користите и слатка павлака.
Чувајте го десертот во фрижидер до послужувањето.