Лесна чоколадна торта

popara5 февруари, 20121min00
coko

Потребни состојки:

500 гр. маргарин

500 гр. шеќер во прав

16 јајца

400 гр. чоколадо за готвење

300 гр. мелена плазма

4 крем шлагови од чоколадо

Припрема:

Изматете ги маргаринот и шеќерот. ИЗдвојте ги белките од жолчките, па додавајте по една жолчка во смесата со маргарин и шеќер и постојано матете.

На пара растопете ја чоколадата, па додајте ја во смесата откако ќе се излади. Потоа додадете ја плазмата и изматените белки.

Смесата поделете ја на два дела и од едниот дел испечете три кори (околу 8 лажици за една кора), а другиот дел оставете го за фил. Изматете ги шлаг кремовите според упатството.

Филувајте на следниот начин: кора –фил – шлаг – кора – фил – шлаг – кора – фил – шлаг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma