Потребни состојки:
½ кг. Лосос
3 лажици сок од лимон
3 лажици сок од цитрон
2 лажици сок од лимета
2 чешниња лук
1 лажица соја сос
1 лажица маслиново масло
1 лажичка ситно сецкан ѓумбир
½ лажичка ситно сецкана мајчина душичка
1 лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
Припрема: Во голем сад ставете го сокот од лимон, цитрон, лимета, лкот, ѓумбирот, мајчината душичка, солта, црниот пипер, соја сосот и маслиновото масло и промешајте.
Лососот исечкајте го на филети. Филетите ставете ги во садот со маринада и оставете ги да отстојат околу 60 минути во фрижидер.
Маринираните парчиња лосос испечете ги на скара и послужете ги со гарнир по избор. Добар апетит.