![skara](https://popara.mk/wp-content/uploads/2012/08/skara.jpg)
Потребни состојки:
– 6 чешниња лук
– ½ дл сок од лимон
– ½ лажичка мелен бибер
– Малку рузмарин
– Малку босилок
– 1 дл маслиново масло
– 5 пиперки
– Малку сол
– 6 шницли
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и ставете ја целата смеса во месото. Убаво прекријте го садот и ставете го да отстои во фрижидер 24 часа. Пред да го ставите месото на скара оставете го на собна температура. На скара печете околу 15 минути. Со месото ставете ги и пиперките. Уживајте во совршениот вкус.