Потребни состојки:
2кг. бел аспарагус.
Сол.
Шеќер.
130г. Путер.
1 жолчка.
2 лажички сок од лимон.
Мелен бел бибер
150г. Тенко сецкана пршута.
Начин на подготовка:
- Аспарагусот, излуштете го и исечете ги дрвенастите краеви. Оставете го во вода која врие, која претходно благо сте ја посолиле и пошеќериле. Варете 15 мин., да се додаде лажичка путер и на крајот да се остават во водата.
- Да се растопи остатокот од путерот. Да се размати жолчка со сок од лимон, малку сол, бибер. Да се мати со миксер на пареа (садот во кои се мати, да се стави над друг сад во кои водата врие). Во текот на матењето се додава, путерот по малку. На крајот се мешаат 3 лажици вода во која се варат шпарглите, путерот, солта и белиот бибер.
- Се цеди и се сервираат шпарглите со припремен сос и пршута.