Милка чоколадна торта

popara17 март, 20121min00
milka

Потребни состојки:

2 милка чоколади од јагоди

2 милка бели чоколади

2 чоколади за готвење

200 гр. лешници

800 гр. шлаг

300 гр. плазма

2 маргарина

10 јајца

2 дл. млеко

15 лажици шеќер во прав

10 лажици шеќер

1 кг. бисквити

100 гр. млечно чоколадо.

Припрема:

За прв фил: Изматете 10 белки со 10 лажици шеќер и во изматената смеса додадете ја мелената плазма.

За втор фил: Изматете 10 жолчки со шеќерот во прав, па додадете ги маргарините кои претходно сте ги изматиле со миксер.

Спојте ги двата фила, измешајте ги и поделете ги на три еднакви дела. Во првиот дел додадете една растопена чоколада од јагоди и една изрендана. Во вториот фил додадете една растопена бела чоколада и една рендана. Во третиот дел додадете го исецканиот лешник.

Загрејте го млекото и во него додадете го растопеното чоколадо за готвење. Бисквитите потопете ги во топлата чоколада.

Шлагот изматете го со вода или со млеко.

За филување: ред бисквити-фил од јаоди-бисквити-фил од лешник-шлаг-гил од бела чоколада-бисквити-шлаг.

Тортата премачкајте ја со растопено млечно чоколадо и украсете ја со мелени бисквити. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag