Потребни состојки:
(за 20 помали и 10 поголеми крофни)
35гр. путер.
75гр. брашно.
2 јајца
½ лажичка сол.
Начин на подготовка:
Во сад да се стави 1.3дл.вода, 30гр. путер, сол, и се чека да проврие. Во вода која врие се додава брашно и се меша додека не се воедначи смесата.
Тргнете ја од шпоретот смесата и додадете ги јацата. Добро измешајте, да се добие лепливо тесто. На тепсија која сте ја подмачкале со зејтин, ги редите топчињата. Се пече на 210 Ц. Околу 20 мин. Никако не отварајте ја рерната, бидејки тестото нема да се подигне. По 20 мин , извадете ги и оставете ги крофните да се оладат.
Солени ЕКЛЕРИ
Се сечат крофните на половина и се филуваат со домашна паштета, руска салата или некои други солени намази. Оставете ги во фрижидер да се оладат и служете ги како прејадење со бело вино.
Слатки ЕКЛЕРИ
Крофните филувајте ги со фил, по желба, посипете ги со шеќер во прав и служете.