500 гр. лиснато тесто
30 мини виршли
300 гр. фета сирење
250 гр. кисела павлака
4 јајца
Сенф
Припрема:
Од лиснатото тесто растегнете тенка кора и исечете ја на тенки ленти.
Сварете ги висршлите, па излупете ги. Изматете 2 јајца, додадете ја павлаката, издробеното сирење и сенфот. Потоа со оваа смеса премачкајте ги лентите, па врз секоја лента ставете по една виршла и свиткајте ја во ролат.
Секоја ролничка со виршла премачкајте ја со изматено јајце. Ставете ги ролните во намрсена тава за печење и печете на температура од 200 степени околу 20 минути, односно се додека тестото не порумени. Добар апетит!