
Потребни состојки:
- 500гр. мисиркино месо исечено на коцки
- 1 – чешне лук
- ½ китка мајоран
- 200мл. Бело вино
- 2 лаж. сенф
- Сол
- Бибер
- 2 пиперки(црвена и жолта)
- 1 главица црн кромид
- 2 тиквици
- 2 лажици зејтин
Начин на подготовка:
- Лукот да се исецка. Да се измие мајоранот и ситно да се исецка. Двете состојки треба да се спојат и да се соединат со вино и сенф, да се посолат и побиберат. Да се маринира месото во смесата околу 3 часа, во фрижидер.
- Да се измијат пиперките. Лукот да се исчисти и да се исецка на четвртинки. Тиквиците да исецкаат на кругчиња.
- Да се извади ќуречкото од маринадата, да се исцеди и да се направат ражничите: на секое стапче да се наредат наизменично – месото, пиперката , кромидот. Да се загрее зејтин во поголем сад и да се пржат ражничите со наизменично вртење, околу 16 мин. Да се извадат ражничите од тавата и да се сервираат по желба. Да се украсат со зачини.
Совет:
Ражничите во текот на пржењето, треба да се преливаат со зејтин – така ќе бидат покрцкави однадвор, а посочни од внатре. Покрај тоа, зејтинот помага да се ослободат сите ароми на јадењето.