Мусака со ќофтиња

popara20 јуни, 20121min00
musaka

Потребни состојки:

  • 800гр компир
  • 200гр мелено месо
  • 1 средна главица кромид, ситно сецкан
  • 1 парче леб натопено во малку млеко
  • 2дл павлака за готвење
  • 2дл млеко
  • 3 јајца
  • Сол, бибер, вегета
  • Неколку шери домати

Начин на подготовка:

Направете прво кругови со мелено месо. На малку масло пропржете го кромидот. Измешајте го лебот, месото и кромидот, додадете сол и бибер по вкус. Додадете едно јајце и малку презла, добро измешајте па обликувајте мали топчиња. Пропржете ги кратко на масло па ставете ги на страна.

Компирот излупете го и исечете го на тенки литови, посолете ги и наредете ги на подмачкан плех. Помеѓу компирот вметнете ги кофтињата.

Измешајте млеко, павлака за готвење и јајца, па прелијте го компирот. На врвот распоредете неколку шери домати и неколку лажички путер.

Печете на 200 степени околу 40 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag