Потребни состојки:
600 гр. бисквити
4 павлаки
100 гр. шеќер во прав
½ килограм ситно сецкано овошје (праски, кајсии, банани, малини или капини)
200 гр. шлаг
Припрема:
Павлаката измешајте ја со шеќерот па додадете го овошјето. Бисквитите наредете ги на чинија за сервирање торта, па прекријте ги со филот. Потоа ставете уште еден ред бисквити па премачкајте ги повторно со филот.
Припремете го шлагот според упатството и со него премачкајте ја тортата. Добар апетит!