Најдобрите манири за на маса во 10 чекори

2 мај, 20120
bon ton

Понекогаш, на гала вечерите потполно можеме да се изгубиме…

Станете самоуверен владетел, на трпезата , без стрес и непријатни сцени…

 

1. Салветата и каде со неа

Веднаш по седнувањето на маса, салветата спуштете ја вашиот скут. Без разлика дали се работи за хартиена или платнена салвета, овој прв чекор ќе ви помогне да ги избегнете непријатните трошки, дамки од храна или пак капки од сос… Салветата користете ја да ги избришете краевите на усните или прстите… Оставете ја на масата кога ќе завршите  со јадењето.

2. Масата како шаховсака табла.

За да не му го земете некому лебот од тањирот, имајте ги во предвид следниве правила: храната од лева страна, пијалоците од десна. Шољите за кафе и чашите за вино и вода од десна, тањирот за леб од лева страна.

3. Во виното е вистината

Дали сте обратиле внимание, како познавачите на виното ја држат чашата? Ако сте мислеле дека тоа е само поза-никако… Држете ја вашата чаша за основата, така нема виното за го загреете. Никако не ставајте повеќе од половина во чашата.

4. Путер и леб

Ако не сте го добиле својот тањир со путерот, секогаш земете парченце и ставете си во вашиот  тањир. За мачкање користете нож за путер или рамен нож . Лебот кршете го на мали парчиња ако не правите сендвичи.

5. Лажица и нож, кога и како?

Значи, лажицата и ножот во десната рака, вилушката во левата, основни чекори… Во изобилството од различни ножеви и вилушки немојте ножот за бивтек да го користите за сирење или вилушката за салата да ја користите за главното јадење. За да го избегнете тоа, следете ги другите како го прават тоа.

6. Несовладливата храна

Деликатно и внимателно работете со храната како што е рибата. Кај ковчињата од риба користете ја раката, но никако не “исплукувајте” или да ги ставате рацете во устата. Доколку од некое парче ви падне мака, или пак сте алергични извадете го во марамица и одложете го на страна.

7. Кога рацете прискокнуваат во помош

Секој кој пробал да јаде ребра или пилешки батаци, сватил дека, приборот не оди во некој прилог. Не колебајте се да јадете со раце печено пилешко, ребра – нема ни да погрешите.

8. Додадете ми тањир

Доколку сакате уште салата, не ви е солена супата? Ако сакате некој од овие работи, а не ви се на дофат, побарајте да ви ги додадат. Не посегајте со раце, преку туѓите  тањири, не е пристојно.

9. Ах таа супа…

Тањирот ставете го на доволна оддалечност од работ на масата, за доколку се истури течноста да заврчи на масата… а не во вашиот скут… Никако не ставајте ја цела лажица во устата и секако не сркајте…

10. Оброкот е готов

Кога еднаш сте завршиле, одложете го приборот во смерот на сказалката од часовникот… Ова ќе биде јасен сигнал дека келнерката ќе може да го однесе тањирот… Ако морате да станете од масата, а сте со намера да продолжите со јадењето , вкрстете го вашиот прибор на тањирот.  Императив е дека не мора ниеден прибор да остане на масата. Вашиот прибор , положен на вашиот тањир, останува на масата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi