Нутела мафини

popara6 септември, 20121min00
nutela

Потребни состојки:

  • 1 бајат леб (или 2 бајати кроасани)
  • 1 јајце
  • 2 жолчки
  • 50 гр шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 300 мл слатка павлака (хопла)
  • Нутела крем

 

Подготовка:

Лебот или кроасаните исечете ги на парчиња со околу 2,5 см должина. Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Калапите за мафини намачкајте ги со путер или маргарин, убаво и од сите страни. Во поголем сад изматете ги јајцето, жолчките и шеќерот. Додадете ги хоплата и ванилата и се убаво измешајте. На крај, ставете ги кроасаните или лебот, во зависност од тоа што ќе користите. Измешајте. Ставете 1 до две лажици од смесата во калапите за мафини, ставете 1 голема лажица нутела, па покријте пак со 1 до 2 лажици од смесата.Одозгора ставете 1 лажиче нутела. Ставете да се пече во загреаната рерна 30 до 40 минути, додека да поруменат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma