Потребни состојки
- 800 гр ослич
- 4 свежи домати
- 1 дл бело вино
- малку брашно
- маслиново масло
- магдонос
- сол, бибер
Начин на подготовка:
Измијте ги парчињата риба, и потоа посолете ги со сол и бибер и извалкајте ги во брашно. Потоа пропржете ги во загреано масло. Испржената риба ставете ја во тава, ставете ги парчињата домати, полијте со вино, ставете многу магдонос и покријте со алуминиумска фолија. Тавата ставете ја во загреана рерна и печете 20 мин, на температура од 220 степени. Готовата риба послужете ја со варен компир.