ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
2 чешни лук
1 големо кромитче
¼ жолт кромид
2 лажици маслиново масло
400 гр конзервирани домати
3 свежи домати
1 лажичка буковец
½ чаша павлака
¼ чаша вотка
1 лажица брашно (по потреба)
ПОДГОТОВКА
Исецкајте 1 големо кромитче, 2 чешни лук и ¼ кромид. Пржете ги во маслиново масло околу 5 минути.
Додадете ги конзервираните (претходно исцедени од течноста) и свежите домати и зачинете по желба. Може да додадете парченца црвена пиперка (буковец). Динстајте на средна температура 5-10 минути.
Додадете павлака и малку вотка. Гответе додека смесата се згусне. Не грижете се – во почеток нема да изгледа добро но за кратко време ќе добие портокалова боја. Доколку смесата е премногу тенка, брзо ставете 1 лажица брашно.
Прелијте ги тестенините со овој вкусен сос. Доколку сакате може да додадете и зеленчук како и потпржени печурки и динстан спанаќ.