Потребни состојки:
- 400гр бисквити
- малку овошен сок
- 100гр свежо овошје
- јагоди
- малини или вишни
- 200мл слатка павлака
- кесичка ванилин шеќер
- чоколадо за украс
Начин на подготовка:
На четири места ставете по осум бисквити, кои претходно сте ги натопиле во овошен сок. Преку нив ставете слатка павлака помешана со шеќер, а потоа овошјето. Оваа постапка повторувајте ја се додека имате материјал и на крајот изрендајте чоколадо. Околу еден час држете во фрижидер да се стегне, потоа сервирајте.