Овошна торта

popara22 октомври, 20121min00
ovosna torta

Потребни состојки:

За кора:

  • 18 белки од јајца
  • 18 лажици шеќер
  • 150гр мелени ореви
  • 3 лажици брашно

За фил:

  • 18 жолчки од јајца
  • 18 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 500мл млеко
  • 250гр путер
  • 100гр изматена слатка павлака
  • овошје по желба (вишни, ананас, банани)

Начин на подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот, па лесно изматете брашно и ореви. Поделете ја смесата на три дела, една третина истурете во подмачканиот плех и печете 10 минути на 200 степени. На ист начин испечете уште две кори. За фил ставете млеко и шеќер да проврие. Соединете ги жолчките и брашното, и додадете во зовриеното млеко со постојано мешање. Варете околу седум минути, оладете и  соединете со изматениот путер. На филот додадете изматена павлака и сецкано овошје. Секоја кора филувајте ја, а на крајот премачкајте со шлаг и декорирајте со овошје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag