Потребни состојки:
– 3 јаболки
– 250 гр шеќер
– 300 гр мелени ореви
– 150 гр мелени бисквити
Подготовка:
Изрендајте ги јаболките и на кратко пропржете ги со шеќерот на тивок оган. Во изладената смеса ставете ги мелените бисквити и ореви. Од неа направете бомбици и извалкајте ги во кокос, чоколада или ореви.