Состојки за 2 лица:
- 1 китка магдонос
- 100гр сирење
- 2 јајца
- 50гр рендан пармезан
- Бибер
- 125мл млеко
- 1,5 лажица сол
- 100гр брашно
- Ореви
- 500гр тиквици
- Неколку шери домати
- 60гр путер
Подготовка:
- Измијте ги тиквиците, ислупете и изрендајте. Посипете со рамна лажица сол и оставете еден час или повеќе, да пуштат вода, а потоа добро исцедете ги со цедалка. Магдоносот исецкате го ситно, па поделете го на два дела.
- Во исцедените тиквици додадете млеко, јајца и истопен путер. Помешајте го со брашно, пармезан, половина од исецканиот магдонос, додадете половина од рамна лажица сол, малку ораси и бибер.
- Тефлонската тава загрејте ја, капнете малку масло, па сипете ја смесата во дебелина од половина сантиметар. Намалете ја температурата. Штом ќе се потпече долната кора, со помош на плаштична лопатка пресечете ја палачинката на 4 дела, за лесно да ја превртите. Печете од секоја страна по неколку минути или додека не порумени.
- Сервирајте на танки парчиња сирење и половинки од доматите, а потоа декорирајте со сецканиот магдонос.