Палачинки со печурки и плаво сирење

popara23 септември, 20121min00
recept1

Потребни состојки:

  • 8 палачинки
  • 1 кромид, ситно исецкан
  • 700гр домати, ситни исецкани или мелени
  • 1 лажица пире од домати
  • 300гр шампињони, сецкани на листови
  • 1 лажица брашно
  • 200мл млеко
  • 100гр плаво сирење
  • Масло, сол, бибер, магдонос, шеќер

Начин на подготовка:

На малку масло испржете го исецканиот кромид. Додадете пире од домати. Промешајте и гответе на средна топлина околу 10 минути. Тргнете од оган и додадете сол, бибер и малку шеќер.

Печурките испржете ги на малку масло. Кога водата ќе испари, додадете брашно, промешајте и прелијте со млеко и 150 мл вода. Оставете да проврие, па додадете идробено плаво сирење и варете додека не се стопи. Тргнете од оган додадете сол и бибер.

На дното на огноотпорен сад ставете малку сос од домати. Секоја од палачинките премачкајте ги со ситиот сос, па замотајте во ролат. Наредете ги палачинките во садот и прелијте со сосот од печурки  сирење. Печете во загреана рерна на 200степени околу 15 минути. Извадете од рерна и посипете со сецкан магдонос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag