Панакота со чоколаден прелив

popara16 октомври, 20121min00
панакота

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За панакота:

  • 3 листа желатин
  • 250 милилитри слатка павлака
  • 250 милилитри млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 25 грама шеќер

За сос:

  • 200 грама чоколада
  • 250 милилитри слатка павлака

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За панакота:

Потопете го желатинот во малку ладна вода за да не омекне.

Ставете го млекото, шеќерот, ванилата и павлаката во сад на оган на умерена температура. Варете до вриење.

Исцедете го желатинот и додадете го во садот и продолжете со варење додека желатинот не се стопи.

Поделете ја целата смеса во чашки со големина по Ваша желба  и ставате ги во фрижидер да потстојат 1 час.

Сос:

На пареа загрејте ја павлаката па во неа додадете ги иситнетите чоколада. Загревајте ги заедно со постојано мешање. Пазете смесата да не зоврие.

За послужување, чашките со панакотата превртете ги врз чинија за послужување и околу секоја  распоредете сос. Украсете по желба.

Уживајте во вкусот!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag