Многу декоративен рецепт, воедно вкусен и освежителен.Може да се подготви од овошје по ваш избор.
Потребни сосојки:
За парфе:
- 2лаж. ликер
- 2лаж. цвет од лаванда(чај)
- 3 жолчки
- 1 – портокал
- 300мл. слатка павлака
Додатоци:
- 250гр Боровинки
- 250гр Малини
- 50гр – шеќер
- 4 – лаж. мусли со суво грозје
Начин на подготовка:
1.Во мал сад се става чај од цвет од лаванда, се става ликер и 3 лаж. вода. Сето ова се вари на тивок оган околу 5 мин. се трга од огнот и се остава да отстои 30 мин. Сварената течност се процедува низ густа цедалка, а процедената ечност се става на страна.
2. Течноста се става на чинија , се додава јајца и шеќер и пенасто се изматува со жица над пареа односно над сад со вода кој не теба да врие. Портокалот се измива, се суши и се остава околу 10 мин. во замрзнувач. Да се иструга кора од портокал околу 1 лажичка.
3. Чинијата се трга од пареата, кората и сокот од портокал да се исмешаат со јајцата. Павлаката цврсто да се измати па се соединува со претходно добиената маса. Боровниците и малините да се измијат и да се остават да се исцедат.
200 г. малини да се испасираат во блендер.
4. Се става половина од кремот во чаша, а потоа се посипуваат испасираните малини, преку нив мусли, па боровинки, а потоа останатиот крем, се украсува со останатите бобици и се остава во фрижидер до служењето.