Потребни состојки:
- 500гр шпагети, макарони
- 150гр пушена шунка или сув врат
- 100гр кашкавал
- 100гр пире од домати
- 100гр мајонез
- 50гр рендано сирење
- 1 лажичка оригано
- 1мл кечап
- 1 зелена салата
- Магдонос
- бибер, сол
Начин на подготовка:
Сварете ги макароните во солена вода, исцедете ги и исечете на парчиња, а потоа измешајте ги со ситно сецкана шунка, рендан кашкавал и сите останати состојки.
На чинија обложена со листови од зелена салата формирајте смеса во облик на конус, посипете рендано сирење и украсете со линииили точки од кечап и листови магдонос.