Потребни состојки:
За тесто:
- 300гр. брашно
- 1 ½ дл. Млака вода
- 20гр. свеж квасец
- 2 лажички маслиново масло
- Сол
За прелив:
- 150гр. гауда срење
- 1 кнзерва туна на парчиња
- 2,5 дл. Пире од домати
- Оригано
- Зелена маслинка со пиперка
Начин на подготовка:
1. Да се сомеле квасец(наместо свеж може да се употреби и сув од кесичка), да се додаде млака вoда, брашно, маслинов зејтин, сол и да се замеси тесто. Треба да биде меко и не смее да се лепи за рацете или на чинијата.
2. На намачкана тава да се префрли тестото и да се растегне. На ивиците се остава малку подебело тесто. Се остава да стои 15 мин.
3. За тоа време се ренда сирење и се сецкаат маслинките на кругчиња. Доматот се зачинува со оригано.
4. Се премачкува тестото со пире од домат. Се посипува со сирење, се редат туната и маслинките. Се посипува со оригано.
5. Пицата треба да одстои околу 10 мин. За тоа време се подгрева рерната на 20 Ц. Се пече 20 мин.