Потребни состојки:
- 2 големи парчиња пилешко филе
- 500мл павлака за готвење
- лажичка сушен зеленчук –зачин
- лажичка сенф
- малку кари
- бибер
- малку сушена мајчина душица
- масло
Начин на подготовка:
Помешајте го карито со зачинот, со тоа добро натапкајте го месото. Потоа прелијте го со малку масло. На тефлонска тава испечете го месото. Во тенџере ставете ја павлаката, додадете сенф, малку зачини, мајчина душица и крупно мелен бибер, па загрејте до вриење. Прелијте преку месото со сосот и послужете со варен зеленчук.