Пилешко месо во вкусен сос

popara26 јануари, 20121min00
pileskoooooo

Потребни состојки:

150 мл. масло за јадење

1 кг. пилешки стек

250 мл. бело вино

Сол и црн пипер

250 мл. вода

200 гр. свеж магданос

100 гр. копар

Сок од  1 лимон

1 лимон

Припрема:

Загрејте половина од маслото во тава. Испржете ги пилешките стекови, па потоа во тавата со стековите додадете го белото вино и гответе уште 5 минури. Додадете сол, црн пипер и вода и гответе уште 30 минути, а по потреба додадете вода.

Исечете го стеблото од магдоносот па ситно исецкајте ги копарот и магдоносот. Во друга тава загрејте го преостанатот масло и пропржете ги копарот и магдоносот. Па додадете ги во тавата со пилешкото и гответе уште 10 минути. Додадете го сокот од лимон.

Во чинија за сервирање наредете го пилешкото, па врз тоа истурете од сосот до магдонос. Украсете со парчиња лимон и свеж магдонос. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma