Пилешко на сечуански начин

popara26 февруари, 20121min00
pilesko

Состојки:

  • Пилешки гради
  • Соја сос
  • Сол
  • Бибер
  • Ким
  • Рузмарин
  • Оцет
  • Ориз
  • Кромид
  • Морков

Подготовка:

Пилешките гради се сечат на парчиња со големина на стапчиња. Посолете, додадете соја сос и оставете  да се маринираат неколку часа. За маринирање може да се употреби кеса за замрзнување во која се става месото и зачините, се врзува и се истиснува воздухот. На овој начин, месото од сите страни е опфатено со маринадата и потребно е само повремено да се исгмечи без да ја отварате кесата. Маринираното месо пропржете го во многу загреано масло.

Прилог 1:

Морковите исечете ги на ленти и пропржете ги. Потоа додадете го исецканиот кромид. Кога е половина испржено, додадете соја сос по вкус, но не претерувајте, бидејќи не треба да биде течно. Додадете бибер, посолете и уште малку пржете.

Прилог 2:

Во поголемо тенџере ставете вода, малку масло, неколку лажички оцет, ким и ризмарин. Кога ќе почне да врие, додадете ориз (една чаша по лице) и варете се додека не биде готово. Оризот не треба да се превари.

Месото сервирајте го со пржен зеленчук, ориз и соја сос. За да изгледа декоративно, оризот моѓе да се стави во подмачкана чаша и да се преврти на послужавник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag