Потребни состојки:
- 1 килограм пилешко месо
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 лажици кечап
- 1 лажица Вончестер сос
- 2 лажици оцет
- 1 мала лажичка сенф
- 2 децилитра Кока Кола
Подготовка:
Исечкајте го кромидот, додадете две чешниња ситно сечкан лук, малку кечап, 2 дл „Кока Кола“, една лажица Ворчестер сос, 2 лажици оцет и една мала лажица сенф.
Маринирајте пилешко месо (стек, батак, карабатак, гради, крилца) во сос од „Кока Кола“. Оставете да отстои барем 3–4 часа (најдобро преку цела ноќ). Ако сакате месото да биде доволно сочно, направете дупчиња во него, за да може сосот полесно да навлезе. Печете го месото со спремниот сос во рерна на средна температура околу 35 минути.
Уживајте во уникатниот вкус.