Потребни состојки:
- 50 мл пиво
- 1/4 кафена лажичка бибер
- 400 гр пилешко бело месо
- 100 мл пилешки бујон (од коцка)
- 3 супени лажици соја сос
- 1/4 кафена лажичка шеќер
- 2 супени лажици масло за готвење
- 2 кафени лажички лук (ситно исечкан или истолчен)
- 1 кафена лажичка густин (растворен со две лажички вода)
- 3 мали пиперчња (со различни бои)
- 100 гр индиски оревчиња
- свеж босилек
- малку сол
Начин на подготовка:
- 1.Измешајте го црниот пипер и 50 мл пиво во маринада.
- 2.Исечкајте го пилешкото месо во тенки ленти (широки околу 1, а долги 2 см). Додајте го во маринадата и убаво промешајте, а потоа оставете го да отстои барем 15 минути.
- 3.Направете го сосот од супата, соја сосот, додадете лажица пиво, малку сол, и шеќер, односно измешајте ги сите состојки во подлабок сад.
- 4.Ставете го тавчето (најдобро вок) на оган да се загрее, а потоа додадете го маслото за пржење. Кога ќе се загрее, ставете го исечканиот лук и пропржете го околу 15 секунди.
- 5.Потоа додадете ги парчињата пилешко месо, и пиперката исечкана на тенки кругчиња и пржете додека месото не побели (околу 3-4 минути).
- 6.Истурете го сосот во тавчето и почекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, додадете го растворениот густин и мешајте постојано додека сосот не се згусти, односно околу 1 минута.
- 7.Тргнете го тавчето од оган и додадете ги исечканите ливчиња босилек и индиските оревчиња. Убаво измешајте и послужете го додека е уште топло.