Со додавање на јаболки и сливи, месото добива сосема нов вкус. Наместо сливи, можете да пробате со смокви или со кајсии.
Потребни состојки:
- 1кг. Пилешко бел месо.
- 1главица. Кромид
- 2 јаболки
- 8 суви сливи
Начин на подготовка:
- Се сече на парчиња белото месо. Се лупи кромид, а јаболките се мијат, се сечат на четвртинки а се вадат петелките и семките.
- Се сецка кромидот на ситно и се пропржува на зејтин се додека не добие стаклест изглед. Се додава месото и се пропржува . Се посолува (или се додава зачин), потоа се додаваат јаболките, сливите и се налева половина чаша вода. Се динста во поклопен сад 15 мин. Се долева вода , доколку испари.
- Пилешкото се сервира заедно со јаболките , сливите и супата од пржењето. Се посипува со исецкан магданос.