Потребни состојки:
- 2 чешниња бел лук
- 600 гр пилешко филе
- малку сол
- 3 лажици сусам
- 3 лажици кисела павлака
- 3 лажици сенф
- 300 гр свежи шампињони
- 1 лажица соја сос
- 0,3 дл маслиново масло
- малку пипер
Начин на подготовка:
Измијте, исушете, и исецкајте го пилешкото на мали парчиња. Парчињата пилешко премачкајте ги со сенф. На вас е оставено да изберете дали ќе ги мачкате посебно со четка, или ќе го ставите сенфот во сад со пилешкото и ќе измешате. Шампињоните исецкајте ги на тенки листови.
Потоа ставете масло во една тава и ставете да се загрее. Рамномерно распределете ги парчињата месо во тавата и пржете додека не добијат златно-жолта боја. Додадете го соја сосот. Додадете во тавата и вода и оставете да се динста уште некои 10-15 минути. Потоа месото извадете го посебен сад.
Загрејте повторно масло и пропржете сусам 30тина секунди. Одма потоа додадете ги шампињоните додадете вода посолете и оставете да се динста 10 минути.
На шампињоните додадете 2 лажици кисела павлака, промешајте и вратете го месото назад во тавата. На самиот крај додадете го белиот лук.