Пита со компири и мелено месо

popara1 март, 20121min00
naspita

Потребни состојки:

За тесто:

750 гр. брашно

3 дл. млеко

300 гр. пире од компири

1 свеж квасец

2 лажички масло за јадење

2 јајца

1 жолчка

1 лажичка шеќер

Сусам и сол

За фил:

500 гр. мелено месо

2 главици кромид

6 лажици масло за јадење

2 лажици вегета

Припрема:

Во посебен сад ставете го млекото, шеќерот и 1 лажица брашно квасецот и промешајте, па оставете ја смесата да надојде. Во друг сад ставете го брашното, стасаниот квасец, пирето од компир, јајцето и солта, па замесете го тестото и оставете го да отстои 20тина минути.

Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на масло. Додајте го меленото месо и пропржете го, па динстајте го со додавање на вода се додека не омекне. Откако ќе се издинста, додадете ја вегетата и промешајте.

Тестото поделете го на два дела и од секој дек расукајте правоаголна кора со дебелина од 4 мм. Првата кора добро распоредете ја на намрсена правоаголна тава за печење, па прекријте ја со друата кора. Питата посипете ја со сусам и печете ја во загреана рерна на температура од 220 степени околу 20тина минути. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag