Пита со тиква, спанаќ и сирење

popara10 јануари, 20121min00
pita so tikva

Потребни состојки:

1 крoмид

300 гр. тиква

500 гр. спанаќ

2 чешниња лук

½ лажичка чили

1 лажичка сушена жалфија

100 гр. фета сирење

6 јајца

Сол и црн пипер

Припрема:

Загрејте масло на оган и пропржете го ситно сецканиот кромид, па додадете го ситно сецканиот лук, жалфијата и чилито, па динстајте уште 2 минути. Потоа додадете ја тиквата исецкана на ситни парчиња и гответе се додека не омекне и не се карамелизира. Потоа додадете го спанаќот, динстајте уште 3 минути и тргнете го тавчето од оган.

Намрсете едно тавче за пита. Изматете ги јајцата и истурете ги во тавата, па наросете сол и црн пипер. Додадете ја смесата од тиква и спанаќ и рамномерно распоредете. Одозгора посипете го издробеното фета сирење. Печете на температура од 180 степени 15-20 минути. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag