Потребни состојки:
- 1 пакување тенки кои за пита
- 3 јајца
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши гриз
- 1 ½ чаша зејтин
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 прашок за пециво
- ½ л. Јогурт
- 1 кг. Вишни
- Прав шеќер
Начин на пдготовка:
- Се матат пенасто, јајца, со шеќер и ванилин шеќер, потоа се додава постепено масло, јогурт, гриз, прашак за пециво. Смесата да се остави да отстои (околу 15 мин) за ба се набабри гризот.
- Корите и филот се редат по следниотредослед: на првата кора да се стават неколку лажици фил, се поклопува со другата кора на која исто така се реди фил. Преку третата е ставаат исцедени вишни. Се завиткува штрудлата.
- Повторно се повторува постапката и со останатите кори додека не се потрошат: Преку се ставаат исцедените вишни, а би требало да има 4 штрудли. Доколку во пакувањето има повеќе кори, се ставаат една преку друга 3 кори наместо две, а на третата се мачка филот.
- Ставете ги штрудлите во тепсија, претходно намачкана со зејтин, а одозгора премачкаје со зејтин(2 лаж.) и (пола шоља) млака вода. Се пече околу 35 мин. на околу 180 C. да поруменат.
- Кога ќе се оладат се посипуваат со прав шеќер.