Потребни состојки:
- 400гр фета сирење
- 1 јајце
- брашно
- презла
- сол , бибер, зачин по вкус
- масло за пржење
Начин на подготовка:
Сирењето внимателно исечете го на парчиња по 50 грама. Изматете го јајацето и зачинете го со сол, бибер и зачин по вкус. Парчињата сирењетркалајте ги во брашно, потоа во јајце, а на крајот во презла. На добро загреано масло пржете го сирењето додека не потемни. Похованото сирење сервирајте го со сос од домати и компир салата.