Поховани копанчиња со вкус на сенф и мед

popara13 јануари, 20121min00
1

Потребни состојки:

15 копанчиња

2 лажици сенф

2 лажици мед

3 јајца

200 гр. лебни трошки

Сол и црн пипер

Масло за јадење

Припрема:

Измијте ги копанчиња и оставете ги да се исушат. Во посебен сад измешајте го сенфот и медот, па наросете сол и црн пипер во смесата. Со смесата од сенф и мед премачкајте ги сите копанчиња.

Во посебен сад изматете ги јајцата, а во посебен сад ставете ги лебните трошки. Секое копанче извалкајте го прво во изматените јајца, па во лебните трошки.

Загрејте поголемо количество на масло за јадење во тава на оган. Откако маслото ќе се загрее ставете неколку копанчиња да се пржат. Откако ќе поруменат од едната страна, почнете да ги вртите се додека не се испечат рамномерно од сите страни.

Испржените копанчиња ставете ги прво на салфетка која ќе го упие вишокот на мрснотија, а потоа сервирајте ги во чинија за сервирање. Доколку сакате да ги зачувате топли, ставете ги во тава за печење и во загреана рерна на 50 степени. Сервирајте со павлака. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag