Потребни состојки:
- 4 поголеми пилешки батаци без коски
- 2 лажици ситно исецкани маслинки
- чешне лук
- лажица суво оригано
- шака свежи листови од босилек
- гранче свеж рузмарин
- 200гр кашкавал
- 4 домати
- сол, бибер
- маслиново масло
Начин на подготовка:
Со остар нож засечете го секој батак со тоа што ќе направите длабок џеб кој ќе го полните. Додадете сол и бибер. Кашкавалот изрендајте и помешајте го со ситно исецкани маслинки, лук, оригано, добро притиснете ги да се затворат, а доколку е потребно, затворете го месото со чечкалици. Полнетите батаци наредете ги во подмачкан плех, преку секој ставете ислупени домати исечени на коцки и уште малку посолете, додадете бибер и попрскајте со маслиново масло. Печете околу 40 минути на 200 степени.